Петмина рудари го загубија животот во северен Авганистан

Петмина рудари го загубија животот во северен Авганистан

пред 2 часа

Најмалку пет рудари загинаа при уривање на рудник за злато во северната авганистанска покраина Тахар, објавија денеска локалните власти.

Рудникот се наоѓа во областа Шах Мастан во округот Шах Аб, изјави портпаролот на полициската команда на Тахар, Кари Накибулах Масрур, без да даде детали.

Масрур рече дека 10 рудари кои беа заробени два дена претходно во друг рудник за злато во областа Самти, исто така во округот Чах Аб, беа спасени претходно оваа недела.

Текстот Петмина рудари го загубија животот во северен Авганистан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top