Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ на социјалните мрежи му честиташе на претседателот на Франција Емануел Макрон за неговиот реизбор на претседателските избори во Франција.
– Искрени честитки до претседателот Емануел Макрон за чистата победа на претседателските избори. Ова е добра вест за Франција, за Европа и за хрватско-француското стратешко партнерство и продолжување на зајакнувањето на нашите билатерални односи – напиша Пленковиќ на Твитер.
Iskrene čestitke predsjedniku @EmmanuelMacron na jasnoj pobjedi na predsjedničkim izborima. To je dobra vijest za Francusku, za Europu i za hrvatsko-francusko strateško partnerstvo i nastavak jačanja naših bilateralnih odnosa. pic.twitter.com/sLviNG62eT
— Andrej Plenković (@AndrejPlenkovic) April 24, 2022