Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го коментираше денешното недоаѓање на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Белград, порачувајќи дека „не е време да се седи на две столици“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Обраќајќи им се на медиумите, тој рече дека тоа нема никаква врска со Хрватска.
„ Србија, како и сите земји, мора да внимава чија страна избира и држи. Ако има амбиции да оди кон ЕУ, мора да се знае каде е. Не е време за седење на две столици“, изјави Пленковиќ, пренесе загрепската телевизија N1.
Македонија, Црна Гора и Бугарија го затворија воздушниот простор за прелетување на авионот на рускиот министер Лавров, кој денеска требаше да пристигне во Белград.