Повеќе од 10.000 цивили се убиени во руската опсада на Мариупол, изјави градоначалникот на тој пристанишен град.
Во телефонски разговор за Асошиетед прес, градоначалникот Вадим Бојченко рече дека телата се „теписи на улиците на градoт“ и дека бројот на загинати може да биде повеќе од 20.000.
Тој додаде дека руските сили донеле мобилна опрема за кремирање во градот за да се погрижат за телата и ги обвини дека одбиваат да дозволат пристап до хуманитарни конвои во обид да го прикријат масакрот.