Повеќе од 200 демонстранти беа приведени вчера во Минск и другите белоруски градови за време на протестите на кои бараа заминување на Александар Лукашенко и распишување на нови избори, соопштија белоруските групи за човекови права.
Десетици луѓе биле приведени додека се собирале на повеќе места околу Минск, извикувајќи „Да живее Белорусија“ и веејќи црвено-бело белоруско знаме.Пред метро-станицата во центарот на Минск, полицијата користела шок гранати за да ја растера толпата, а колони на воени возила биле забележани во повеќе делови на градот.
Групата за заштита на правата, Вјасна, објави дека полицијата од 16 ноември привела најмалку 70 лица.Протестите во Белорусија траат од спорните претседателски избори на 9 август, на кои Лукашенко тврди дека го освоил шестиот последователен мандат.Опозицијата наведува дека изборите биле украдени, а илјадници демонстранти излегуваат на улиците веќе неколку месеци.Полицијата одговори со репресивни мерки и апсење на демонстранти.Изборите во Белорусија ги оспорува и меѓународната заедница, а Европската Унија воведе санкции за белоруските функционери и компании поради репресијата на демонстрантите.