Повеќе од 3,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина поради војната

пред 3 години

Агенцијата за бегалци на ОН денеска објави дека повеќе од 3,5 милиони бегалци досега ја напуштиле Украина поради руската инвазија, пренесува АП.

Како што се наведува во соопштението на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), од Украина досега избегале 3.528.346 лица, по почетокот на рускиот напад на 24 февруари.

Повеќе од 2 милиони од нив се преселиле во Полска, се додава во соопштението, пренесува АП.

Share
Scroll to Top