Најмалку 540 луѓе се во карантин во главниот град на Норвешка, Осло, по избувнувањето на жариште поврзано со традиционална прослава на матуранти кои се возат со автобуси и пијат.
Јорун Тавлов, одговорен за следење на инфекцијата во западниот дел на Осло, за локалните медиуми изјави дека повеќето случаи од новиот кластер биле поврзани со пет автобуси и дека меѓу заразените имало ученици од скоро сите средни училишта во тој дел од градот каде живеат скоро 700 000 луѓе.
Прославите кои на норвешки јазик се нарекуваат „руско славје“, се голем културен феномен низ целата сите скандинавски земји, пишува агенцијата АП.
Учесниците носат униформи, обично црвени или сини и соодветни капи.
Некои купуваат половни возила, како автобуси, комбиња или автомобили, на кои претходно цртаат, а потоа со возат со нив.
Пијанството и нарушувањето на јавниот ред и мир се составен дел од прославата.