Малолетник загина откако паднал од покрив на автомобил кој го возел негов врсник

Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка

пред 2 години

Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.

Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.

Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.

 

Текстот Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top