Повреден репортер на „Фокс њуз“

пред 2 години

Репортер на „Фокс њуз“, Бенџамин Хол, синоќа беше повреден додека известуваше од околината на Киев. Тој е хоспитализиран, објави американската медиумска куќа.

Хол работи како дописник од Вашингтон и го покрива американскиот Стејт департмент за „Фокс њуз“, каде што работи од 2015 година.

„ Засега имаме малку детали, но Бен е хоспитализиран и нашите теренски тимови работат на собирање дополнителни информации бидејќи сè се случува со голема брзина“, рече извршната директорка на „Фокс њуз“, Сузана Скот во порака до вработените во медиумската куќа.

Share
Scroll to Top