Повторно затворен поранешниот претседател на Киргистан

пред 4 години

Претседателот на Киргистан Соронбај Жeнбеков отпушти највисоки безбедносни функционери во обид да ја консолидира својата моќ и нареди повторно затворање на поранешниот претседател Алмазбек Атамбајев, кој беше ослободен од затвор пред само неколку дена.

Во исто време, парламентот работи на обезбедување кворум за гласање на новата влада и ставање крај на политичкиот ќор-сокак во централноазиската држава, која беше опфатена со немири по спорните избори на 4 октомври.

Воените контролни пунктови беа поставени преку ноќ околу главниот град Бишкек, а оклопните возила беа забележани во градот откако Жeнбеков нареди распоредување војници за да се воспостави ред во немирите.

Женбеков ги отпушти највисоките безбедносни функционери кои ги поддржуваа неговите противници или не реагираа кога опозицијата во вторникот соопшти дека ја презема власта.

Службата за државна безбедност објави дека го привела Атамбаев под обвинение за поттикнување немири. Поранешниот претседател некогаш беше заштитник на Жeнбеков, а сега му е најголем непријател. Приврзаниците на Атамбај во вторникот го ослободија поранешниот претседател од затвор каде што издржуваше долга казна под обвинение за корупција.

Парламентот планираше да се собере во претседателската резиденција на периферијата на Бишкек, откако демонстрантите упаднаа во парламентот и ги окупираа владините згради. Седницата започна, но не е познато дали е обезбеден потребниот кворум од 61 пратеник за гласање на новата влада.

Русија, која има значајно влијание врз Киргистан, оваа недела ситуацијата ја опиша како хаотична. Повредени се над 1200 луѓе, а едно лице е убиено во уличните нереди од почетокот на протестите против спорните избори. Владејачката партија прогласи победа, а опозициските партии пак не ги признаваат изборните резултати.

Оваа поранешна советска република со 6,5 милиони жители е од стратешко значење. Во неа се наоѓа руска воена база и делува како трговски центар помеѓу Кина и Русија.

Share
Scroll to Top