Товарен брод е погоден од „неидентификуван проектил“ во Ормускиот теснец покрај брегот на Оман, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO).
UKMTO WARNING 104-26
Click here to view the full product https://t.co/YeKyizmufu#MaritimeSecurity #MarSec pic.twitter.com/oeaeGR2ENg
— UKMTO Operations Centre (@UK_MTO) August 3, 2026
Инцидент покрај брегот на Оман
Инцидентот се случил околу 37 километри североисточно од оманскиот град Хасаб, објави UKMTO, без да даде детали за штетите или повредите на екипажот, истакнувајќи дека истрагата е во тек.
Иранската влада побара бродовите да пловат низ Ормускиот теснец по должината на иранскиот брег, постојано нагласувајќи дека само рутата одредена од Техеран е безбедна.
Спорот околу навигацијата низ стратешкиот воден пат, клучен за испорака на нафта, гас и ѓубрива на светските пазари, стана главна точка на сопнување во конфликтот меѓу Иран и САД.
Текстот Погоден брод во Ормускиот теснец е превземен од МАКФАКС.





