Подобрена состојбата на чешкиот претседател Милош Земан

пред 3 години

Чешкиот претседател Милош Земан денеска е префрлен од интензивна нега во стандардна соба, соопшти чешката централна воена болница.

„Третманот, а особено сложената нутритивна поддршка обезбедена во интензивната нега, доведе до подобрување на клиничката состојба на претседателот“, се вели во соопштението на болницата, пренесува „Ројтерс“.

„ Претседателот денеска беше префрлен во стандарден кревет“, се додава во соопштението.

Земан беше префрлен на одделот за интензивна нега на 10 октомври и хоспитализиран поради компликации на една од неговите хронични болести, но деталите за дијагнозата не се познати.

Share
Scroll to Top