Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски и главниот преговарач на Украина, напиша на Твитер за наводниот план меѓу Русија и Украина.
„Фајненшл тајмс“ објави дека се работи за план со 15 точки, а изјава даде и Подољак кој рече дека секој договор ќе вклучува и повлекување на руската армија од територијата на Украина.
– Фајненшл тајмс објави нацрт во кој се претставени барањата на руската страна. Ништо повеќе. Украинската страна има свои ставови. Единственото нешто што го потврдуваме во оваа фаза се прекинот на огнот, повлекувањето на руските војници и безбедносните гаранции од голем број земји – објави Подољак на својот Твитер профил.
Briefly. FT published a draft, which represents the requesting position of the Russian side. Nothing more. The ?? side has its own positions. The only thing we confirm at this stage is a ceasefire, withdrawal of Russian troops and security guarantees from a number of countries
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) March 16, 2022