Пожарникарите извлекоа девојка од под урнатините во Петриња

пред 3 години

По силните земјотреси што ја уништија Петриња во понеделникот и вторникот, сите расположливи служби се на терен – помагаат армијата, полицијата, пожарникарите, екипите на брзата помош.

Од пожарникарската станица пристигна вест дека била спроведена интервенција во која, за среќа, е спасен млад живот.

„Ајде да одиме повторно … Петриња ден трети. Поразен е само оној што ќе се откаже … Од оваа канцеларија извлековме жива девојка која беше покриена со цигли и бетон, и посакуваме многу среќа и брзо закрепнување! Ви благодарам многу за пораките за поддршка“, објави Јавната противпожарна станица на Град Новска на својот Фејсбук.

https://developers.facebook.com/docs/plugins/embedded-posts/?prefill_href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fjvp.novska%2Fposts%2F407189283821282&__cft__[0]=AZUmOmm7cYKYgqhGNotCAEfte1XY8WD3FGUUw_z5CL_vTH4mZVuip6XSMOBKCz7E8eoTnAtDPXfBjXJU6QLqkO5GPWkEp8fA2V8g_0Xf5SzFXQNLMjjN1DOuy2RiVrtd5SU&__tn__=p%2CP-R#code-generator

„Девојката ја спасивме во вторникот околу 17:30 часот, таа остана заробена во Градската администрација во Петриња. Пребројувајќи ги луѓето, откриле дека недостасува некој, и просторијата во која останала жената, па како најдобро да се опише – колку е голема вратата, толку тули има – сè беше затрупано. Не знам во каква состојба е во моментот, имаме полни раце работа“, изјави директорот и командант Златко Пјеш за „Јутарњи лист“.

Вработената останала сама во просторијата на вториот кат.

„Кога почнало да се тресе, некако успеала да се заштити со канцелариска фотелја и тоа ја спаси. Исто така ја надушкааа кучиња, некако успеавме да комуницираме со неа. Тогаш започна потешкиот дел, копањето, за да ја спасиме“, рече Пјеш.

Share
Scroll to Top