Пожарот што денеска зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инсфратруктура и за среќа нема жртви.
Сликата по пожарот што избувна денеска попладне во Сивири, Халкидики, сега е подобрена. Сепак, Противпожарната служба останува во целосна готовност, бидејќи ризикот од повторно разгорување е реален, додека евидентирана е штета на куќите и инфраструктурата, објавија грчките медиуми.
Копнени сили дејствуваат во областа со стотици пожарникари, групи планинари, како и пожарникари од Молдавија, со помош на цистерни за вода и градежна механизација од општина Касандра.
Туристи и жители на Сивири и Фурка беа евакуирани со бродови и автобуси. За погодените од пожарот се нуди сместување во цркви и спортски сали.
фото:ЕПА
Текстот Пожарот на Халкидики ставен под контрола, изгореа неколку куќи е превземен од МАКФАКС.





