Пожар во болница во Милано, пациентите евакуирани

Пожар во болница во Милано, пациентите евакуирани

пред 2 часа

Утрово околу 10 часот, избувна пожар во павилјонот 16 од болницата Сако во Милано.

За неколку минути, пламенот зафати дел од дијагностичката архива и се прошири на областите каде што медицинскиот персонал во тој момент прегледуваше десетици пациенти, пишува Ил Месаџеро.

Благодарение на заедничката интервенција на пожарникарите и болничкиот персонал, никој не е повреден.

Сите пациенти се евакуирани, а триесет пожарникари кои излегоа на терен вршат санација на подрачјето.

Текстот Пожар во болница во Милано, пациентите евакуирани е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top