Пожар во караоке бар во Индонезија – 19 лица загинаа

пред 2 години

Најмалку 19 лица загинаа во пожар што избувна рано утринава во караоке бар во индонезиската провинција Западна Папуа, по тепачка меѓу ривалски банди, соопшти полицијата.

Едно лице е смртно избодено со нож пред да биде запалено заедно со најмалку 18 лица кои останале заробени внатре, изјави полициски претставник, пренесува Ројтерс.

Полицијата соопшти дека тепачките меѓу младите се вообичаени, но дека ова е прв пат да има толку многу мртви.

Околностите на несреќата се истражуваат, а се уште не се знае дали бројот на загинатите е конечен.

Share
Scroll to Top