Позната листата со барања на Турција, ниедно не е поврзано со Русија

пред 3 години

Заканата на Турција да го блокира пристапот на Финска и Шведска во НАТО, нема никаква врска со Русија, пренесува „Раша тудеј“ повикувајќи се на агенцијата „Блумберг“, која наведува дека тројца високи турски функционери и потврдиле дека Турција има список со барања за НАТО, а за возврат, доколку бидат исполнети, ќе ги „пушти“ Финска и Шведска во Алијансата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Списокот започнува, според „Блумберг“, со барање да се укинат санкциите воведени кон Турција поради купувањето на рускиот систем С-400, а исто така бара повторно вклучување во напредната програма за набавка на авиони Ф-35.

Финска и Шведска денеска официјално ја поднесоа својата апликација за членство во НАТО, а за да се постигне тоа мора да гласаат „за“ сите 30 членки на Алијансата. Сепак, турскиот претседател рече дека Турција нема намера да се согласи на тоа.

Шведска и Финска се во конфликт со Турција бидејќи даваат политички азил на лица за кои Анкара наведува дека се терористи, односно припадници на Курдите и бараат овие „терористи“ да им бидат екстрадирани, што двете нордиски земји го одбиваат.

Share
Scroll to Top