Познатиот холивудски пар започна кампања за Украинците

пред 3 години

Познатиот холивудски пар Мила Кунис и Ештон Качер започнаа кампања „GoFundMe“ за собирање средства за Украинците погодени од руската инвазија.

Мила Кунис е родена во Украина во 1983 година, а во Америка дошла во 1991 година. Таа истакна дека отсекогаш себеси се сметала за Американка, и дека и е благодарна на таа земја за се што направила за неа и нејзиното семејство.

„Но, сега не можам да бидам погорда што сум Украинка“, рече Мила.