Покренато обвинение против поранешниот шеф на ФБИ

Покренато обвинение против поранешниот шеф на ФБИ

пред 7 месеци

Федерална голема порота во Вирџинија подигна обвинение против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, поради наводно лажно сведочење пред Конгресот во 2020 година.

Коми се изјасни за невин и порача дека ќе се брани на судење кое е закажано за 9 октомври. Ако биде прогласен за виновен, му се заканува казна до пет години затвор.

Обвинението го води поранешна адвокатка на Доналд Трамп, што предизвика реакции и критики од демократите, кои случајот го оценија како „срамотен напад врз владеењето на правото“.

Текстот Покренато обвинение против поранешниот шеф на ФБИ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top