Политичарите во Австрија не сакаат привилегии, нема да бидат меѓу првите што ќе ја примат вакцината

пред 3 години

Австрија од недела ќе започне со вакцинирање против коронавирус, а лицата над 80 години први ќе ја примат вакцината.

Политичарите нема да бидат вакцинирани меѓу првите, не затоа што одбиваат, како што велат, туку затоа што не сакаат никакви привилегии.

Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен, канцеларот Себастијан Курц, министерот за здравство Рудолф Аншобер рекоа дека ќе се вакцинираат. Сепак, тие посочуваат дека нема да биде меѓу првите, иако претседателот, на возраст од 76 години, спаѓа во ризичната група.

„Ќе се вакцинирам само кога ќе дојде мојот ред“, рече тој.

Политичарите посочуваат дека не сакаат со вакцинирањето меѓу првите да се остави впечаток дека се води политика на привилегирани.

Додека речиси сите од опозицијата ќе бидат вакцинирани, еден нема, а тоа е шефот на парламентарниот клуб на Партијата на слободата на Австрија (ФПО), Херберт Кикл, кој најави противење на вакцината, иако во неговата партија имаше заболени, вклучувајќи го и лидерот Норберт Хофер.

Share
Scroll to Top