Полицаец во Германија останал без работа откога украл околу 180 килограми чедар од контејнер на превртен камион по сообраќајна несреќа.
На германскиот полицаец, кој беше отпуштен бидејќи украде 180 килограми чедар од камион што се преврте во сообраќајна несреќа, судот не му дозволи да се жали на пресудата.
Полицаецот, кој требало да го обезбеди местото на несреќата, му наредил на спасувачот да му даде девет пакувања од 20 килограми сирење, чија вкупна вредност била околу 550 евра.
Тој однел некои од пакетите во својата канцеларија, но на некои пакети им се губи трагата, соопштија од судот во германскиот град Кобленц.
Се верува дека четирите пакети ги чувал за себе или за своите пријатели и роднини.
Полицаецот, кој рече дека не сака ни чедар, ја обжали пресудата.
Текстот Полицаец во Германија останал без работа откога украл сирење од превртен камион е превземен од МАКФАКС.