Полицаец прободен со нож во центарот на Париз: напаѓачот неутрализиран

Полицаец прободен со нож во центарот на Париз: напаѓачот неутрализиран

пред 5 месеци

Еден полицаец е повреден денеска во напад со нож во центарот на Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.

Нападот се случил на крајот на денот во близина на Елисејските полиња во Париз, објави BFMTV. Полицаецот е повреден, а насилникот е „неутрализиран“, изјави Дарманен.

Гледајќи ја полицијата, мажот побегнал со нож во рака. Тој се свртел и го повредил полицаецот во пределот на увото. Другиот службеник пукал од оружјето.

Според францускиот министер за внатрешни работи, „напаѓачот веднаш бил неутрализиран од безбедносните службеници“.

Текстот Полицаец прободен со нож во центарот на Париз: напаѓачот неутрализиран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top