Полициски автомобил удри во лимузината на новозеландскиот премиер

Полициски автомобил удри во лимузината на новозеландскиот премиер

пред 2 години

Полициски автомобил удри во задниот дел на лимузината во која се наоѓаа премиерот на Нов Зеланд, Кристофер Луксан, и министерот за финансии, Никола Вилис, но никој не е повреден, соопштија официјални лица.

Несреќата се случила вчера попладне на главниот пат што води до аеродромот во Велингтон и седиштето на парламентот, пишува „Еј-би-си њуз“.

Полицијата почна истрага за несреќата.

Одделението за управување со службени возила соопшти дека е оштетен задниот дел од лимузината.

Луксан за новинарите изјави дека несреќата малку го изненадила, но дека е добро.

Текстот Полициски автомобил удри во лимузината на новозеландскиот премиер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top