Според податоците на ОН, половина од децата во Украина се раселени поради војната. Едномесечната војна во Украина расели повеќе од половина од детската популација во земјата, соопшти Агенцијата за деца на Обединетите нации.
УНИЦЕФ соопшти дека 4,3 милиони од речиси 7,5 милиони деца во Украина сега ги напуштиле своите домови, вклучително и околу 1,8 милион бегалци, кои ја напуштиле земјата, и 2,5 милиона, кои сега се внатрешно раселени во Украина.