Полската амбасада во Москва полеана со црвена боја

пред 3 години

Непознати лица вчера ја полиле со црвена боја полската амбасада во Москва. Потегот следува откако Русија од Варшава побара официјално извинување за инцидентот, кога со црвена боја беше испрскан руски амбасадор во Полска.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во понеделникот, украински поддржувачи во Варшава со црвена боја полија руски амбасадор, додека тој чекорел да положи венец, во знак на сеќавање на победата во Втората светска војна.

Руското Министерство за надворешни работи вчера го повика полскиот амбасадор Кристоф Крајевски, да му врачи протесна нота поради „скандалозниот“ напад. Беше побарано и „официјално извинување“ од полската Влада.

„ Одлуката за следни чекори, ќе биде донесена врз основа на реакцијата на Варшава на нашите барања“, наведе руското Министерство.

Истиот ден, црвена боја е фрлена на зградата, каде се наоѓа полската амбасада во Москва.

Share
Scroll to Top