Полската влада објави водич за граѓаните кој содржи упатства како да се подготват за криза или војна.
Водичот наведува што да се прави во случај на напад со различни видови оружје, од конвенционално до хемиско и нуклеарно. Опишани се и системите за јавно предупредување што се користат во такви случаи.
Водичот ги советува граѓаните да се снабдат со вода, храна, лекови и батериски светилки во случај на прекин на електрична енергија.
Umiejętność radzenia sobie w sytuacjach zagrożenia jest niezwykle istotnym elementem budowania odpornego społeczeństwa.
„Bądź gotowy” to ostatni materiał, który został przygotowany przez @RCB_RP.?Poradnik?: https://t.co/qED28khn87
?Film?: https://t.co/P7EyOWdyXx pic.twitter.com/dUu0CY7QPX
— Rządowe Centrum Bezpieczeństwa (@RCB_RP) April 5, 2022
Полската влада наведува дека мора да ги подготви граѓаните за различни сценарија, но негира дека водичот е поврзан со војната во Украина. Претходните слични водичи вклучуваа ситуации како што се поплави и зимско време.
Но, заканата од руска инвазија секако е во мислите на некои граѓани во Полска, која граничи со Украина. Иако Русија ги фокусираше повеќето напади на северот, југот и истокот на Украина, руските сили извршија неколку напади врз Лавов, град на само 60 километри од полската граница.