Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови

Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови

пред 1 ден

Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.

Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.

Фото: илустрација (ЕПА)

Текстот Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top