Поплави во северна Калифорнија – луѓе се удавиле во потопен автомобил

пред 2 години

Најмалку две лица ги загубија животите во поплавите што ја зафатија северна Калифорнија. Двете лица биле заглавени во поплавен автомобил во подвозникот, а властите наредиле евакуација на населението од кањонот на северот на американската држава поради можен одрон, пренесе АП.

Пожарникарите од Милбреј, град јужно од Сан Франциско, спасиле двајца патници кои се качиле на покривот на автомобил, кој исто така останал заглавен во подвозникот.

„ Сепак, спасувачите не можеа да стигнат до лицата во целосно потопениот автомобил“, изјави окружниот шериф Хавиер Акоста.

Издадено е предупредување за евакуација на планинскиот венец Сиера Невада за околу 150 домови покрај браната на езерото Твен Харт, откако се појавија пукнатини во гранитот што се потпира на вештачкиот дел од структурата висока 11 метри.

Властите почнаа да испуштаат вода, а засега се чини дека браната не претставува непосредна опасност, изјави шерифот на областа Туломн, Нико Санделин.

Share
Scroll to Top