Поради болеста на претседателот на САД, втората дебата меѓу Трамп и Бајден ќе биде виртуелна

пред 4 години

Втората дебата меѓу американските претседателски кандидати Доналд Трамп и Џо Бајден ќе биде виртуелна, соопшти Комисијата за претседателски дебати.

Така е одлучено затоа што Трамп беше позитивен на коронавирус, пренесува „Си-ен-ен“.

„Втората претседателска дебата ќе биде во форма на градски состаноци, на кои кандидатите учествуваат од различни оддалечени локации“, се наведува во соопштението на Комисијата.

Втората дебата е закажана за 15 октомври, а нејзин модератор ќе биде Стив Скали, извршен продуцент и политички уредник на мрежата C-Span Networks.

Share
Scroll to Top