Израел го нападна јужниот дел на Газа: „Болниците се полни со мртви и ранети, главно жени и деца“

Поради бомбардирањето и апсењето на медицински персонал престана да работи уште една болница во Газа

пред 2 години

Баптистичката болница Ал Ахли, лоцирана во Појасот Газа, престана со работа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

„Болницата Ал Ахли не е во функција поради бомбардирањето, опсадата и апсењето на медицински персонал“, се вели во соопштението, според Си-Ен-Ен.

Ал Ахли беше една од ретките делумно функционални медицински установи во Газа.

Во моментов, само 11 од 36-те болници делумно функционираат во Појасот Газа.

Текстот Поради бомбардирањето и апсењето на медицински персонал престана да работи уште една болница во Газа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top