Поради интензивирање на конфликтот меѓу Израел и Хезболах денеска се откажани над 30 летови во Бејрут

Поради интензивирање на конфликтот меѓу Израел и Хезболах денеска се откажани над 30 летови во Бејрут

пред 4 месеци

Поради интензивирање на конфликтот меѓу Израел и либанското движење Хезболах, денеска беа откажани повеќе од 30 летови за и од Бејрут.

Веб-страницата на меѓународниот аеродром Рафик Харири во Бејрут објави дека 15 појдовни и 29 влезни летови биле откажани од различни авиокомпании, вклучително и Катар ервејс и авиокомпании од Обединетите Арапски Емирати и Турција, пренесува Ројтерс.

Германската авиокомпанија Луфтханза ги прекина летовите за Бејрут до 26 октомври.

Текстот Поради интензивирање на конфликтот меѓу Израел и Хезболах денеска се откажани над 30 летови во Бејрут е превземен од МАКФАКС.