Поради недостаток од кислород починале сите пациенти во болничко крило во Бразил

пред 3 години

Гувернерот на најголемата бразилска сојузна држава Амазон, Вилсон Лима, прогласи полициски час поради извештаите за голем пораст на бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот.

Тој исто така изјави дека цело болничко крило со пациенти починало откако тие останале без кислород за дишење, пренесува „Гардијан“.

Гувернерот Лима прогласи полициски час од 19 до 6 часот наутро.

Манаус, најголемиот град во државата Амазон, беше едно од местата најмногу погодени од првиот бран на епидемијата во април минатата година, каде властите биле принудени да копаат масовни гробници за мртвите, тврди британскиот весник.

„Ние сме во состојба на екстремна катастрофа… како земја која изгубила во војна“, рече тогаш Лима.

Според „Гардијан“, на 22 декември имало 39 погреби во целиот град Манаус, додека во средата, е соборен нов рекорд четврти ден по ред, со 198 погреби.

Во саботата имало 130 погреби, 144 во неделата, 150 во понеделник и 166 во вторник, додава лондонскиот весник.

„Овие бројки покажуваат кристално јасно дека сме сведоци на експлозија на смртност од Ковид-19 што е дури и поголема од онаа од првиот бран“, рече Лима.

Извештаите во бразилските медиуми од четвртокот велат дека неколку јавни болници останале целосно без кислород.

Share
Scroll to Top