Поради недoстатокот на вакцини германскиот министер за здравство најави десет тешки недели

пред 3 години

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан предвидува дека недостатокот на вакцини против коронавирус ќе трае до април.

„Претпоставуваме дека недостатокот на вакцини ќе трае најмалку уште десет тешки недели“, рече Шпан.

Тој препорача состанок на претставниците на сојузната и покраинските власти со претставници на производителите на вакцини за да се договорат за целите и понатамошните чекори во процесот на вакцинација во Германија.

Во моментов има проблеми со испораката на вакцини од „Фајзер“/ „Бионтек“, но и вакцините од „Астразенека“.

Министерот Шпан моментно е на удар на критики поради тоа што вакцинирањето во Германија не се одвива со посакуваната динамика.

Дневникот „Билд“ недостигот на вакцини го оцени како „скандалозен“ и како главен виновник го наведе Шпан, кој е обвинет од јавноста за правење на погрешни тактики при набавката на вакцини.

Строги мерки на затворање се на сила во Германија до средината на февруари. Денеска Институтот Роберт Кох забележа 17.553 нови случаи, околу 3.000 помалку во споредба со една недела претходно.

Германија се подготвува да воведе ограничувања за патниците од Велика Британија, Бразил и Јужна Африка, најави министерот за внатрешни работи, во ситуација кога расте загриженоста поради новите видови на вирусот кои се позаразни.

Share
Scroll to Top