Поради ризик од Ковид-19 Америка им препорача на граѓаните да не патуваат во 80% од земјите во светот

пред 3 години

Американскиот Стејт Департмент најави дека ќе ја прошири препораката на граѓаните да не патуваат во одредени земји или во околу 80 проценти од земјите ширум светот поради ризикот за патниците поради пандемијата од Ковид-19.

„Ова ажурирање ќе резултира со значително зголемување на бројот на земји што ќе бидат опфатени со Ниво 4: Не патувајте, приближно 80 проценти од земјите“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Ваква препорака веќе постои за 34 од околу 200 земји во светот, вклучувајќи ги Русија, Бразил, Аргентина, Косово, Кенија, Хаити, Мозамбик и Танзанија. Планираното проширување до 80 проценти би значело додавање на скоро 130 нови земји на списокот за заштита од пандемијата.

На повеќето Американци веќе им е забрането да патуваат во голем број европски земји поради наметнатите ограничувања, а Вашингтон забрани влез во земјата на скоро сите државјани кои не се во САД, а кои неодамна беа во Шенген зоната, по што следуваа Кина, Бразил, Иран и Јужна Африка.

Стејт департментот додаде дека овој потег не вклучува повторна проценка на моменталните јавни здравствени состојби во некои земји, но одразува прилагодување на системот за препораки за патувања за повеќе да се потпира на постојните епидемиолошки проценки од Центрите за контрола и превенција на болести.

Шефицата на центарот, Рошел Валенски ги повика Американците да не патуваат поради големиот број на заразени низ целата земја.

“Знаеме дека во моментов имаме се поголем број на случаи на заразени со корнавирус. Јас би препорачала да не патуваме. Ние не препорачуваме патувања во овој момент, особено за луѓето кои не биле вакцинирани”, нагласи Валенски.

Share
Scroll to Top