Поради руската инвазија на Украина, цената на нафтата значително скокна

пред 3 години

На лондонскиот пазар во четвртокот, веднаш по рускиот напад на Украина, цената на барел нафта скокна многу над 100 долари, првпат по повеќе од седум години, но во петокот падна под тоа психолошки важно ниво, пишува Хина.

По големите осцилации на крајот на неделата, цената на барелот на лондонскиот пазар забележа неделен пораст од 4,7 отсто, на 97,93 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,6 отсто на 91,59 долари.

Во четвртокот, по рускиот напад на Украина, цената на барелот на лондонскиот пазар во еден момент достигна 105,79 долари, што е највисоко ниво од крајот на 2014 година.

Најголемиот напад на една европска земја врз друга од Втората светска војна ги зголеми стравувањата од прекини во снабдувањето.

Share
Scroll to Top