Поранешен војник во Франција пукаше во полицијата, го бркаат хеликоптери и 200 полицајци

пред 3 години

Нa jугот од Франција, во тек е голема полициска операција за пронаоѓање на маж кој пукаше кон полицајците. Во акцијата учествуваат повеќе од 200 полицајци, полициски кучиња и хеликоптери.

Неименуваниот маж има околу 30 години и и е познат на полицијата по семејно насилство. Се работи за поранешен војник, кој е вооружен со висококалибарско оружје, пишува Би-Би-Си.

Локалната власт ги повика жителите да останат дома.

„ Во текот на ноќта тој отиде во куќата во која живее неговата поранешна партнерка. Имаше спор што доведе до полициска интервенција, а потоа осомничениот пукаше во нив. Потоа избега во блиската шума”, изјави Фредерик Перисат, жупан на округот Дордоња, за телевизијата БФМ.

Перисат додаде дека човекот се наоѓа во „ридско, шумско подрачје“ во радиус од околу четири квадратни километри. Областа била опколена од полицијата.

„Франсинфо“ пренесува дека инцидентот започнал синоќа, кога човекот по кој се трага го нападнал партнерот на неговата поранешна партнерка. Наводно пукал во него. Поранешната партнерка и нејзините деца не се повредени и се под полициска заштита.

Откако полицајците пристигнале на местото на настанот, мажот пукал кон нив и кон нивните автомобили, а потоа побегнал во шумата. Полициските службеници не се повредени, но оштетени се неколку полициски возила.

Градоначалничката на Лардин-Сен Лазар, Франсин Бура, за БФМ изјави дека осомничениот бил ослободен од затвор и носел електронска белегзија. Му било забрането да се приближува до домот на неговата поранешна партнерка, рече таа.

Полицијата ги затвори патиштата низ градот и постави барикади. Вооружениот напаѓач наводно пукал во хеликоптер кој летал над пошумената област.

Петилот исто така рече дека осомничениот „сака полицијата да го убие“, додавајќи дека тој го повикал да се предаде.

Share
Scroll to Top