Поранешниот британски премиер со камиони превезува донации за бегалците

пред 2 години

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон возеше камион на Црвениот крст во Полска за да донира за бегалците од Украина.

Облеката, пелените и првата помош што ја превезе се собрани како дел од локален проект во кој Камерон волонтира во последните две години, пишува Би-Би-Си.

Камерон ја пофали „дарежливоста на заедницата во Западен Оксфордшир, како и на Британците воопшто“.

Украинскиот амбасадор претходно денеска се заблагодари за британската поддршка, нагласувајќи дека парите ќе бидат од посуштинска помош наместо предметите.

„Пораката е едноставна: ако можете, подобро дајте ни неколку фунти наместо да носите предмети во торба“, рече тој.

Share
Scroll to Top