Портпаролот на Зеленски: Ќе ги истражиме сите воени злосторства извршени во Украина

пред 3 години

Портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Серхи Никифоров, даде интервју за „Скај њуз“ веднаш по интервјуто на портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Песков за време на интервјуто експлицитно тврдеше дека снимката од масакрот на цивилите во Буча е фалсификувана.

Никифоров рече дека со години се потврдува дека тврдењата на руските власти се всушност лаги.

„Можете ли сега да му верувате на Песков? Се сомневам во тоа“, рече портпаролот на Зеленски и додаде дека украинските власти ќе ги истражат сите воени злосторства извршени на територијата на Украина.

Никифоров додаде дека Украина веќе има успешно искуство во истрагата на воените злосторства по почетната фаза од војната 2014-2015 година.

„Сето тоа го истраживме. Виновниците ги изведовме пред лицето на правдата и ги осудивме“, додаде тој.

Потоа се осврна на ужасите кои се уште се случуваат во опколениот Мариупол.

„Страшно е да се размислува за тоа што се случува таму“, рече тој.