Социјалдемократите, кои собраа најмногу гласови на парламентарните избори во Германија, кон крајот на септември, Зелените и либералите денеска објавија дека постигнале подготвителен договор за формирање влада.
„Успеавме да го усогласиме документот. Тоа е многу добар резултат, јасно покажува дека може да се формира влада во Германија“, рече социјалдемократот Олаф Шолц, кој најверојатно ќе биде иден канцелар.
Шолц ова го изјави на прес-конференција со лидерите на Зелените и Партијата на слободата (FDP).