Потона руски брод: спасени двајца морнари, 17 загинаа во водите на архипелагот Новаја Земја

пред 3 години

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека рибарскиот брод „Онега“ потонал во водите во близина на архипелагот Новаја Земја.

„Во 7:30 часот по локално време, пристигна информација дека бродот Онега потонал во Баренцовото Море, во близина на архипелагот Новаја Земја во областа Архангелск. Посадата имала 19 члена, а двајца биле спасени”, се вели во соопштението на Министерството.

Врз основа на прелиминарните извештаи, извори од руското Министерство за вонредни ситуации потврдија дека загинале сите 17 морнари.

Бродот, окован од мраз, потонал за време на бурата, не оставајќи практично никакви шанси за преживување во ледената вода на Баренцовото Море, наведува ТАСС од извор во руското Министерство за вонредни ситуации.

Пет чамци пристигнале на местото на несреќата, трагајќи по преживеаните од рибарскиот брод кој е конструиран во 1979 година и пловел под руското знаме.

Share
Scroll to Top