Потпретседателот на британската влада: Војната може да трае со години

пред 2 години

Војната во Украина би можела да трае со месеци, ако не и со години, изјави британскиот вицепремиер, Доминик Рааб за „Скај њуз“.

Тој рече дека сојузниците мора да покажат стратешка издржливост за да обезбедат неуспех на рускиот Владимир Путин.

„Кога ќе погледнеме што направи Путин во минатото, кога ќе ги погледнеме војните во кои учествуваше, тактиката во Сирија… Мислам дека нема тактики што тој би ги избегнал. Но, морам да го кажам ова: НАТО и земјите од Централна и Источна Европа се апсолутно одлучни околу нападот врз Украина и ние ќе ги поддржуваме до крај“, рече Рааб.

Тој исто така оцени дека Украина се покажала како многу потежок противник отколку што очекувал Путин.

Share
Scroll to Top