Потпретседател на руска банка побегнал во Украина: „Се приклучив на украинската војска“

пред 3 години

Потпретседателот на руската државна банка „Гаспромбанк“, Игор Волобујев, вели дека избегал од Русија за да им се придружи на украинските сили кои се борат против руската инвазија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој е најмалку четвртиот висок извршен директор или функционер за кој се знае дека ненадејно ја напуштил Русија, пишува „Москов тајмс“.

Волобујев за независниот руски портал „Инсајдер“ и за украинскиот деловен портал „Лига.нет“ изјавил дека ја напуштил Русија на 2. март и се придружил во територијалната одбрана на Украина.

„Не можев од страна да гледам што прави Русија во мојата татковина“, рекол Волобујев, кој е роден во североисточниот украински град Охтирка.

„Русите го убија татко ми, мои познаници и блиски пријатели. Татко ми живееше во ладен подрум еден месец. Луѓе што ги познавам од детството ми кажаа дека се срамат од мене“, изјавил тој.

Волобујев вели дека бил отпуштен откако ја напуштил Русија, по 33-годишна кариера во компании поврзани со државниот гасен гигант „Гаспром“.

„Никој во Русија не знаеше за моето заминување“, тврди поранешниот извршен директор.

Волобујев вели дека бил дел од тимот за односи со јавноста на „Гаспромбанк“ со задача да ја поткопа перцепцијата за украинскиот гасовод во очите на европските потрошувачи.

Волобујев, исто така, ги доведе во прашање официјалните објаснувања за самоубиствата на поранешниот потпретседател на „Гаспромбанк“, Владислав Авајев во Москва и на поранешниот топ менаџер на енергетски гигант „Новатек“, Сергеј Протосења во Шпанија.

„Не верувам дека тоа биле самоубиства“, изјави тој за „Лига.нет“, додавајќи дека смртта на Авајев можеби била исценирана бидејќи веројатно знаел премногу.

Share
Scroll to Top