Почина главниот палестински преговарач за мир со Израел, имал коронавирус

пред 3 години

Саеб Ерекат, главниот палестински преговарач во мировниот процес со Израел, почина на 65-годишна возраст откако заболел од Ковид-19, изјави официјален претставник на неговото движење Фатах.

Истакнатиот палестински портпарол, Ерекат служеше и како генерален секретар на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и беше член на нејзината најмоќна фракција – Фатах.

Тој силно се залагаше за решение на две држави за ставање крај на конфликтот со Израел и остро ја критикуваше израелската политика на населување на окупираната територија, за која рече дека може да ги уништи изгледите за одржлива Палестина.

Ерекат на 8 октомври потврди дека бил заразен со коронавирус.

Во 2017 година, тој беше подложен на трансплантација на бели дробови во САД, што го ослаби неговиот имунитет.

Минатата недела тој беше пренесен од неговиот дом во градот Ерихон на Западниот Брег во медицинскиот центар Хадаса во Израел. Лекарите го приклучиле на апарат за дишење и го ставиле во медицински предизвикана кома откако неговата состојба се влошила.

Share
Scroll to Top