Почина Лазо Голужа, творецот на „Квискотека“

пред 3 години

Новинарот и уредник на Хрватската телевизија и автор на „Квискотека“ Лазо Голужа почина денес во Загреб на 85-годишна возраст.

Ова за порталот 24сата го потврди неговиот син Доминик Голужа.

Голужа дипломирал компаративна книжевност и италијански јазик на Филозофскиот факултет во Загреб, а по студиите, заедно со Паја Канижај го основал списанието „Парадокс“.

Тој даде најголем придонес во областа на квизовите, меѓу кои се: „Три, два, еден … но вреден“, „Песочен часовник“, „Бројки и букви“.

Негов најпознат проект е „Квискотека“, која за прв пат беше емитувана во 1979 година и ја водеше Оливер Млакар и која беше многу популарна во поранешна Југославија.

 

Share
Scroll to Top