Почина министерот за финансии на ОАЕ, шеикот Хамдан

пред 3 години

Министерот за финансии на Обединетите Арапски Емирати и втор човек во Дубаи, шеикот Хамдан починаа на 75-годишна возраст, пренесоа светските медиуми.

Хамдан е министер за финансии на ОАЕ од 1971 година, а тој стана втор човек на Дубаи во 2006 година. Тој беше втор син на починатиот владетел на ОАЕ, Рашид бин Саид Ал Мактум и постариот брат на сегашниот потпретседател и премиер на Емиратите, Мохамед бин Рашид.

„ Ние му припаѓаме на Бога и ќе му се вратиме на него … Драг Боже, помилуј го мојот драг брат, мојата поддршка и придружник“, напиша шеикот Мохамед бин Рашид на Твитер.

Засега е непознато што ја предизвикало смртта на шеикот Хамдан.

Share
Scroll to Top