Почна евакуацијата на преостанатите пациенти од „Ал Шифа“ во Газа: „Речиси 400 раселени лица сè уште се во болницата“

Почна евакуацијата на преостанатите пациенти од „Ал Шифа“ во Газа: „Речиси 400 раселени лица сè уште се во болницата“

пред 6 месеци

Евакуацијата на преостанатите пациенти од болницата „Ал Шифа“ во Газа со 14 амбулантни возила почна денеска во координација со Обединетите нации и меѓународната хуманитарна невладина организација „Лекари без граници“, соопшти палестинскиот Црвен крст.

Израел со недели бара евакуација на болницата и го координира процесот по преземањето на контролата врз медицинскиот центар, каде што, како што тврдат, Хамас имал команден центар и го користел како база за своите воени операции, пишува „Тајмс оф Израел“.

Портпаролот на Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, Ашраф ал-Кидра, рече дека во установата има над 250 пациенти и дека речиси 400 раселени лица сè уште се таму.

Израел и Светската здравствена организација ја координираа евакуацијата на 31 предвремено родено бебе од болницата „Ал Шифа“ во јужниот дел на Газа во текот на викендот, од кои 28 подоцна беа пренесени во Египет.

Текстот Почна евакуацијата на преостанатите пациенти од „Ал Шифа“ во Газа: „Речиси 400 раселени лица сè уште се во болницата“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top