Почна устоличувањето на митрополитот Јоаникијe во Цетиње, со хеликоптер пристигна во манастирот

пред 3 години

Во манастирот Цетиње започна устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски, Јоаникијe.

Церемонијата на устоличување, која беше закажана за 8 часот, започна со задоцнување, додека во градот и натаму е хаос.

Претходно, избраниот митрополит црногорски и приморски, Јоаникијe, пристигна заедно со патријархот Порфириј во манастирот Цетиње со хеликоптер.

На снимката на Вечерњи Новости се гледаат силни безбедносни сили кои од земја го следат хеликоптерот што го пренесува свештенството.

Патријархот и митрополитот беа пречекани со аплауз и црковни sвона и извици „Достоен!“.

Од вчера попладне сите патишта кон Цетиње се блокирани, а полицијата под целосна опрема се обидува да ги спречи демонстрантите да се приближат до манастирот.

Судирите меѓу полицијата и демонстрантите, кои се противат на устоличувањето, продолжија утрово на Цетиње. Демонстрантите ја нападнаа полицијата со камења и молотови коктели, а таа возврати со солзавец.

Share
Scroll to Top