Појавата на омиркон е затишје пред бура – до католички Божиќ 3.450 заразени, а во јануари 16.000 на ден

пред 2 години

Четвртиот бран на Ковид-19 во Австрија полека опаѓа, а експертите предупредуваат дека поради појавата на сојот омикрон, може да се појават нови рекордни дневни бројки на заразени лица.

„ Сегашното смирување е затишје пред бура“, тврдат експертите на телото за прогнозирање на развојот на Ковид-19.

Појавата на омикрон, според нив, поради зголемениот потенцијал за ширење, укажува дека ќе бидат надминати рекордите од четвртиот бран на епидемијата. Тие нагласуваат дека тоа би можело да се случи веќе на почетокот на јануари.

На врвот на четвртиот бран, на 19 ноември, во Австрија за 24 часа се регистрирани над 15.800 новозаразени лица. Доколку се остварат прогнозите на експертите, за само неколку недели повторно треба да се смета на повеќе од 16.000 новозаразени лица.

Експертите не можат да предвидат како тоа ќе влијае на болниците, поради недостигот на податоци за омикрон.

До католички Божиќ тие предвидуваат намалување на бројот на новозаразени на околу 2.100 до 3.450 новозаразени.

Се очекува до крајот на годината да има значителен пад на хоспитализираните пациенти со Ковид-19 на 790 до 1.280.

Share
Scroll to Top