По двочасовен разговор заврши видео состанокот меѓу Путин и Бајден

пред 2 години

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден вечерва по нешто повеќе од два часа го завршија меѓусебниот разговор кој се одржа во формат на идеоконференција.

Разговорот започнал околу 18.08 часот по московско време, а завршил во 20.10 часот, пренесува агенцијата „Тасс“.

На почетокот на видео-средбата Путин и Бајден се поздравиле, а американскиот претседател изразил надеж дека наскоро ќе имаат лична средба.

Разговорот потоа беше затворен за јавноста. Видео-конференцијата беше организирана преку безбедна видео-врска наменета за разговори меѓу светските лидери, која за прв пат беше искористена денеска.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека линијата за комуникација која ја користеа двајцата претседатели била воспоставена за време на претходните американски администрации, кога, како што рече, сè уште имало нешто креативно во руско-американските односи.

Share
Scroll to Top